Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бакетрии во пирошките причина за труењето со храна во Штип

02.05.2018
Бакетрии во пирошките причина за труењето со храна во Штип

Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна при извршениот инспекциски надзор од страна на Агенцијата и Државниот здравствен и санитарен инспекторат во објектот на компанијата ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ Кочани, која подготвувала и доставила храна – пирошки во ресторанот во Штип каде пред десеттина дена беа затруени дваесеттина лица. Во земените мостри утврдено е присуство на бактеријата Salmonella Enteritidis и зголемен број бактерии на Enterobakteriacea, кои се сметаат за извор на заразата.

По извршената инспекциска контрола во објектот на компанијата ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ Кочани, утврдено е дека истата не е регистрирана, односно дека е одјавена во Агенцијата за храна и ветеринарство како оператор со храна. Со контролата таму биле најдени стотина килограми претходно подготвени и замрзнати пирошки и смеса за нивна подготовка, која по налог на инспекторите ќе биде уништена.

Објектот за производство од страна на инспекторите е затворен на 25.04.2018 година.
По појавата на нови случаи на труење со храна во Кочани викендов, досегашната истрага на инспекциските служби упатува на истиот извор на заразата, иако во епидемиолошката анкета, затруените лица не посочуваат објект од каде што е набавена храната предизвикувач на заболувањето. Од страна на инспекциските служби на Агенцијата и Санитарната инспекција се прават напори за утврдување на потеклото на небезбедната храна и нејзино поништување.

Со цел расветлување на случајот и заштита на здравјето, апелираме граѓаните кои набавиле храна од лица поврзани со оваа компанија, истата да не ја конзумираат. Доколку имаат сознанија за потеклото на вака нелегално дистрибуирана небезбедна храна поврзана со горенаведениот извор на заразата, истото, со точни податоци, да го пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, електронски на info@fva.gov.mk или во Државниот здравствен и санитарен инспекторат на бесплатната телефонска линија 0800 2 55 55.
По утврдување на сите факти и завршување на постапката, против одговорните лица во оваа компанија ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Категорија