Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Септември 2024
Миланов се обрати на научната манифестација „Денови на ветеринарна медицина 2024“
“Науката и примената на современата научна мисла и обезбедувањето на соодветна регулаторна рамка за научните институции е во фокусот на Агенцијата, во рамки на обврските кои ги имаме како институција и од областа на јавното здравство, а со тоа и во вршењето на основната функција – заштита на здравјето на граѓаните. Креирањето на политики и нивно имплементирање на терен претставуваат императив и за нашата институција...
Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи како перелив и Најлепше жеље кукис ноисет
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:
– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025.
Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија.
Презентиран статусот на проектоте кои ги реализира АХВ преку ИПА
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Фадил Асани и Сузана Поповска раководител на Секторот за ЕУ и меѓународна соработка при Агенцијата, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржаа работен состанок со претставници на Министереството и Делегацијата на ЕУ