Во периодот 18 Август - 25 Септември Д-р Виктор Арсов, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка и комуникација на ризик по човековото здравје, помлад соработник во СПКР, присуствуваше на тренинг курсот: "Food Safety Administration", организиран и финансиран од JICA (Japan International Cooperation Agency), KCCP (Knowledge Co-Creation Programme) и KITA (Kitakyushu International Techno - Cooperative Agency). Курсот се состоеше од теоретски предавања, практични вежби и посети на бизнис оператори со храна во Китакјушу, Кумамото, Мијазаки, Фукока (на островот Кјушу), како и 8 дена во Токио (Хоншу).
Притоа беше презентиран Job Report, на почетокот на тренинг курсот, а на последниот ден финалната презентација пред претставниците на JICA, управата на градот Китакјушу, претставниците од бизнис секторот во PPT. Д-р Виктор Арсов се стекна со престижниот JICA сертификат за успешно комплетиран тренинг по вторпат, за кого тежнеат владини претставници и административни службеници од цела Азија, Латинска и Средна Америка, Африка, Нов Зеланд, Австралија и одредени земји од Европскиот континент и кој гарантира кариерно раководно напредување и институционално зајакнување. Престижниот сертификат е потпишан од претседателот на JICA - Tanaka Akihiko.
Во текот на интензивниот курс беа офатени тематски предавања од Администрацијата за безбедна храна во Јапонија, законот за безбедност на храна и законскиот акт за хигиена на храната, надлежните институции и авторитети инволвирани во системот на безбедност на храната и анализата на ризикот, здравствената проценка на ризик и работата на Комисијата за безбедност на храна, прехранбени адитиви, генетски модифицирана и едитирана храна, марински токсини, труења со храна (Norovirus, Anisakis, Campylobacter) и начинот на водење епидемиолошка истрага, хистаминско труење со риба, системот за означување на храната, законската регулатива за земјоделски хемикалии и листата на забранети пестициди, теоретски предавања со практични вежби за HACCP, посета на Националниот Институт за здравствени науки во Токио и нивните лабораториски капацитети, Музејот посветен на материјали за пакување на храната, карантинската станица во Јокохама, Центарот за јавно здравје во Китакјушу со лабораториските капацитети, посета на локално основно училиште, посети во објекти на бизнис операторите на храна (најголемата пекара Crown Bread Co., со милијарди долари остварен приход од производство и дистрибуција на леб, пекарски производи и сладолед за половина население на планетата - Јапонија, Азија, Нов Зеланд, Австралија, фабриката за производство на соја - Kamada Miso and Soya Sauce Factory, млекарата - Nishiraku Dairy Milk Co., Тоkyo Metropolitan Wholesales Market, улицата Каppabashi Dogu во Asakusa), практични вежби за лабораториско тестирање на пестициди во зеленчук и овошје, како и часови по јапонски јазик, јапонска историја, култура, економија, со посета на повеќекатниот феудален замок во Кумамото, којшто датира од Edo периодот, на Tokyo Metropolitan Government Building (東京都庁, Tōkyō Tochō) во најпознатиот урбан и бизнис/деловен регион на Токио - Shinjuku (Шинџуку), присуство на традиционална церемонија на пиење зелен чај (мача) и други настани.
На подолните линкови можете да се погледнат двете презентации.