Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Декември 2023
Отповикување на производ Кооп песто босилек 190 гр
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ – Кооп песто босилек 190 гр поради детектирана опасност - туѓо тело во производ.
Сериски број/лот: LM278.
Рок на употреба: до 05.10.2025
Потекло: Произведено од CLAS Во фабриката на Чиусанико (ИМ)
Увозник:ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.
Повик за Повеќегодишна програма за тренинг активности во однос на подоготовка при кризни ситуации во делот на безбедност на храна и храна за животни за ИПА Земји кориснички
ЕФСА редовно организира тренинг активности (вежби) за подготвеност при кризи и поврзани активности за планирање, како да се одговори на можни итни ситуации. Бидејќи кризите неможе да се ограничат во границите на ЕУ, од клучно значење е да се вклучат претпристапните ЕУ земји во таквата вежба за подготвеност.
Концептот „Едно здравје“ не обединува во борбата против антимикробната отпорност
Подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и девастирањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства, е тема на која континуирано работиме, како институција промовирајќи добри практики за нивна рационална употреба, со единствена цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми.
Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Денес и утре, во Тирана Република Албанија, директорот учествува на петтиот состанок на Форумот за комуникација и соработка на директорите од Западен Балкан на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на третиот состанок на Управниот комитет на Проектот.