Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Октомври 2023
Отповикување на производ VIVAFLORE DARMTRANSIT 150 TAB B
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ VIVAFLORE DARMTRANSIT 150 TAB B ( додаток во исхрана), со наод на емодин и алое емодин.
Сериски број/лот: 79667
Производител: SUPERDIET BD France
Увозник: Мимех Фарм ДОО Скопје
Дистрибутер: Мимех Фарм ДОО Скопје
Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.
Одржана Експертска работилница: Training Workshop on the ImproRisk model, 19-20 Oктомври 2023, Ларнака, Кипар
На покана од Министерството за здравство на Кипар (Националната лабораторија на Кипар), а во соработка со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), на Експертска работилница: Training Workshop on the ImproRisk model, од Агенцијата за храна и ветеринарство активно учество зема и д-р Виктор Арсов од Секторот за проценка и комуникација на ризик.