Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Октомври 2020

ЕФСА објави извештај од работната група за собирање и моделирање податоци

09.10.2020
Во февруари 2019 година Европската агенција за безбедност на храна донесе одлука за формирање работна група за прашања поврзани со собирање и моделирање податоци. За членови на работната група беа назначени членови на Советодавниот форум на ЕФСА (или нивни претставници), а истата беше предводена од страна на претставниците од Унгарија.

Одржана Експертска мисија за Правила за ставање во промет на мешани производи од животинско и неживотинско потекло

08.10.2020

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 28-30 септември 2020 година по пат на видео-теле конференција се одржа Експертска мисија за Правила за ставање во промет на мешани производи од животинско  неживотинско потекло со која претседаваше Г-дин Ванчо Новоселски- Раководител на сектор за инспекциски надзор, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-дин Gianvito Emilio Vinci  и Г-дин Renzo Moro од Италија.

Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип

08.10.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство ги извести одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици. Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент. 

Извештај на Европската комисија за 2020 година

08.10.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува и понатаму со напредокот на патот за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. За остварениот напредок и во текот на 2020 година Агенцијата доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија. Напредокот е забележан во бројни области во надлежност на Агенцијата. Како што е истакнато и во самиот Извештај на Европската комисија за 2020 година, објавен на 6ти октомври 2020, земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а посебно се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето висок степен на здравствената заштита на животните, согласно високите ЕУ стандарди и барања, што преставува и една од стратешките цели на Агенцијата. 

Соработката на институциите и бизнисот клучни за развој на економијата

06.10.2020
Во рамки на редовната комуникација со бизнис операторите, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оствари работна средба со  менаџментот и претставници на фабриката за кондиторски производи ,,ЛИОН" од  Свети Николе.