Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мај 2019

Демант: Паушална е оценката дека нeмa напредок во евро - интерграциите за поглавјето 12

31.05.2019
Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на денешната прес конференција со која свесно манипулирасо јавноста обидувајќи се да ја маргинализира оценката дадена од страна на Европската комисија (ЕК) за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика.

Во Април спроведени 15.365 инспекциски контроли

31.05.2019
Приближно 62 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во април годинава во рамки на спроведените 6.814 инспекциски надзори. Од нив најголемиот дел (4.945) се редовни, 446 контролни и 1.423 вонредни контроли.

Европската комисија со одлична оценка за АХВ за напредокот во евроинтеграциите

30.05.2019
Европската комисија (EK), како и за 2017 година, и во овој извештај, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, даде одлична оценка за постигнатиот напредок во евро - интеграциските процеси за Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Со ваквата проценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава кои добија највисока оцена.

Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

29.05.2019
Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни

Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини

23.05.2019
На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов, од 21 до 23 мај, во Виена Австрија, зема активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини.

Пред ЕФСА презентирани проектите кои се реализираат со поддршка на ЕУ

22.05.2019
Во периодот од 21 до 23 мај 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, Европската агенција за безбедност на храна го одржува 39 состанок на националните фокални точки. На маргините на состанокот се одржa и колаборативна работилница