Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Февруари 2018

Презентирани европските искуства за новиот концепт за храна наменета за посебни категории потрошувачи

28.02.2018

Обезбедување и ефективно усогласување на Регулативата (ЕУ) бр. 609/2013 за храна наменета за доенчиња и мали деца, храна за специјални медицински цели и целосна замена на диетата (исхраната) за контрола на телесната тежина, во нов национален правилник, е цел на експертската мисија која со посредство на инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржа за потребите на Секторот за храна од неживотинско потекло и членовите на Комисија за посебни видови храна при Агенцијата за храна и ветеринарство од 26 до 28 февруари.

Регистрацијата и идентификацијата на кучињата дел од приоритетите на Стратегијата за благосостојба на животните

28.02.2018
Македонија не знае колку кучиња скитници има, ниту располага со точна бројка на миленици. Општините, во чија надлежност се уличните кучиња, допрва ќе учат како да ги пребројуваат и допрва ќе формираат прифатилишта или ќе склучуваат договори со шинтерски служби.Како што најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешниот брифинг со новинарите, почнуваат интензивни активности за решавање на овие два проблема, регистрирање на кучињата скитници, но и целосно идентификување на милениците со микрочипови. Со ова се очекува да се стави ред, особено во руралните средини.

Нови перспективи за јонизирачкото зрачење на храната и во Република Северна Македонија

27.02.2018
“За прв пат оваа година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши задолжителни испитувања на тоа дали и која храна во Република Северна Македонија е третирана со јонизирачко зрачење, како една од технологиите за продолжување на рокот на производите, која според законските прописи во Република Северна Македонија задолжително треба да биде означено. Почнати се контролите за чаевите и зачините, од домашно производство и од увоз. Ова се дел од обврските кон Европската унија од Поглавјето 12, кои се однесуваат на прашањата дали во Република Северна Македонија има капацитети за јонизирачко зрачење на храната и дали се вршат контроли од овој тип.

ТАIEX работилница за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни

26.02.2018
Презентација на законските барања и услови за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни, со јасна дистинкција кој е предмет на процесот на регистрација, а кој на процес на одобрување, е темата на работилницата“Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни”, која денес и утре во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржува во Скопје. На работилницата учествуваат претставници од Агенција од Секторот за ветеринарно јавно здравје, Секторот за инспекциски надзор и официјални ветеринари.

ЕФСА подготви извештај за болеста Чвореста кожа

23.02.2018
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавен научен извештај: “Болест на чвореста кожа – II. Собирање податоци и анализа” изготвен од страна на експерти од ЕФСА.

Повеќе да се инвестира во истражувања на безбедноста на храната

23.02.2018
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавенa заедничка изјава на ЕФСА и Советодавниот форум на ЕФСА по повод одржувањето на првото Собрание за истражување на проценка на ризик.

AХВ спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците

23.02.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците во земјава. Од декември досега, официјалните инспектори ги исконтролираа условите за производство, чување и трговија со месо и производи и подготовки од месо во 398 месарници.
Со контролите констатирани се недоследности кои се однесуваат на нехигиена во објектите, неспроведени мерки за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на месото, непоседување на комерцијален документ за пратка месо.

Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија одржа обука за спроведување на тестот за социјализација на кучиња

21.02.2018
Директорот на Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес оствари работен состанок со Александра Хамонд Симан, експерт за благосостојба на животните од регионалната канцеларија на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија во Хрватска. На состанокот беа објаснети основите на обуката за социјализација на кучињата за која се одржува неделава, а прецизирани беа и деталите за продолжување на соработката на Агенцијата со ова здружение.

Безбедноста на храната почнува на фармите, идентификацијата и регистрацијата на животните клучна алатка

20.02.2018
Во полн ек се активностите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Оваа и идната година акцент ќе се стави на зајакнување на биосигурносните мерки на фармите, а од 2020 година, како што информираше денес директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на дводневната работилница за унапредување на системот за идентификација и регистрација на свињите која се одржува поддршка од инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX.