Еко акција за чистење и уредување на дворот спроведоа денес вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и во соработка со комуналната служба на Општина Аеродром. Акцијата која се реализира денес е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.
Во рамки на оваа еко акција се сечеа старите дрвја во кругот на дворот, се чистеше и уредуваше тревната површина и се собираа отпадоци. Вработените во АХВ преку оваа еко акција упатија порака за подигање на свеста за значењето на чистата животна средина и намалувањето на аерозагадувањето и изразија благодарност до локалната самоуправа која со механизација и човечки потенцијал помогна успешно да се реализира оваа еко акција.