Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското Министерство за здравство

18.12.2018
АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското Министерство за здравство

За воспоставување основа за научна соработка и за техничка и административна поддршка во областа на безбедностa на храната и ветеринарното јавно здравство и за зајакнување на контролата на заразните болести на животните, зоонозите и алиментарните интоксикации во Република Северна Македонија и Република Италија, денес,во Рим, Република Италија, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно медициснките препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело и г-ѓа Гаетана Фери, директор на Генералниот директорат за хигиена, безбедност на храна и исхрана при Министерство за здравство на Република Италија го потпишаа Договорот за научна и техничка соработка од областа на ветеринарното јавно здравство, здравствената заштита на животните и ветеринарно медицинските препарати.

Со потпишувањето на овој Договор ќе се зајакне долгогодишната успешна соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Италија.

Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.

Со потпишувањето на договорот ќе се продлабочи и соработката на научните институции со цел спроведување студии и истражувања во насока на зајакнување на системите за контрола на болестите кај животните и безбедноста на храната, соработка помеѓу аналитичките и дијагностичките лаборатории, како и развој на иницијативи и проекти за соработка со вклучување на приватниот сектор, ветеринарните комори и стопанските комори на двете земји итн.

Категорија