Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук

06.08.2026
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста и операторите со храна дека, согласно добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната, од 3 август 2026 година воведени се засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир)  и Златарево (Ново Село).

Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји (вклучително и од Република Северна македонија) кои се наменети за бугарскиот пазар.

Операторите кои извезуваат или вршат транспорт на оваа категорија производи во Република Бугарија преку контролните пунктови на посочените гранични премини,  при планирање и реализација на пласманот на пратките, да ги имаат во предвид воведените засилени официјални контроли.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги информира операторите за сите информации од значење за непречено одвивање на трговијата и исполнување на законските барања.

Ознаки
Категорија