Од денес, но иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство, македонското знаме е соодветно поставено и на RASFF платформата на Европската комисија (Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни. При редовно следење и користење на платформата наместо официјалното државно знаме, до називот на државата досега се прикажуваше празно поле.
Агенцијата за храна и ветеринарство иницираше постапување и побара корекција од страна на надлежните служби на RASFF платформата.
Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган и Национална контакт точка за RASFF, продолжува активно да ја следи комуникацијата и размената на информации преку европските системи за брзо известување во областа на безбедноста на храната и храната за животни