Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Спорните HiPP кашички не се увезени на македонскиот пазар

22.04.2026
Агенција за храна и ветеринарство

До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.

 

Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на  производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот не е пласиран на  македонскиот пазар.

Ознаки
Категорија