Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Вонредните контроли потврдуваат подобрување на безбедноста на храната во домовите за стари лица

18.03.2026
Агенција за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата.

 

Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а 4 од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.

 

За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување на задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени.

 

За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1 550 евра во денарска противвредност за 4 оператори, а само од еден контролиран оператор, нештетно се уништени 6 килограми небезбедна храна.

 

При спроведените вонредни инспекциски надзори кај истата категорија оператори во ноември 2024 година, 14 не беа регистрирани како оператори со храна во АХВ, а нештетно уништени беа 40 килограми  небезбедна  храна. Издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување на  утврдени недоследности, а парични казни изречени беа на 18 домови за стари лица.

Ознаки
Категорија