Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Денес во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов одржа работен состанок со претседателот на Федерацијата на фармери на Европа (FVE), д-р Зигфрид Модер и секретарот на ФВЕ, д

18.02.2026
Насловна слика

Денес во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов одржа работен состанок со претседателот на Федерацијата на фармери на Европа (FVE), д-р Зигфрид Модер и секретарот на ФВЕ, д-р Пјотр Квиечински и извршниот директор на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, д-р Томислав Николовски и претседателот на Ветеринарната комора на Република Македонија, д-р Жарко Михајлоски.

На истата се разговараше за статусот на докторите по ветеринарна медицина во Република Северна Македонија, актуелната состојба во ветеринарниот сектор, размена на информации и укажување на потребата од континуирана системска и финансиска поддршка за стабилизирање на професијата.

Од страна на претставниците на ФВЕ беше укажана потребата од афирмирање на улогата на ветеринарната професија како клучен сегмент во системот на Едно здравје, улогата на докторите по ветеринарна медицина и клучна улога за здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната и употребата на ветеринарно – медицински препарати.

Од страна на Агенијата за храна и ветеринарство беше претставена моменталната состојба со болестите во државата, идните чекори кои се превземаат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и мерките кои се превземаат за подобрување на состојбата со недостатокот на доктори по ветеринарна медицина не само во државната администрација, туку и на докторите по ветеринарна медицина на терен кои се занимаваат со голема и мала пракса.

Од страна на Ветеринарна комора на Македонија беше пренесено дека истата останува посветена на професионален дијалог и меѓународна соработка со цел обезбедување одржливост, долгорочна стабилност и унапредување на ветеринарниот сектор во интерес на граѓаните, јавното здравје и производството на храна.

 

Категорија