Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна

05.11.2025
TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 5 ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ со националното законодавство во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.

Целта на работилницата е да им овозможи на учесниците да стекнат знаење и алатки за зајакнување на нивниот институционален капацитет за ефикасно спроведување на законодавството на ЕУ, поврзано со усогласување на националното законодавство и официјалните контроли на производи и материјали од рециклирана пластика. 

Главни теми кои се обработуваа во текот на експертската мисија беа: 

  • Опег и дефиниции согласно ЕУ регулатива 2022/1616,
  • Појаснување на процесите на рециклирање на ПЕТ амбалажа,
  • Барање за собирање на пластичен отпад, деконтаминација и целосна обработка на рециклирана пластика,
  • Авторизација и водичи за соодветни рециклирачки процеси од страна на ЕФСА,
  • Подготовка за аудит: проверка на документација, официјални контроли.
  • Означување на рециклирани производи и материјали.
1


 

2


 

3


 

4


 

5


 

6

 

 

Ознаки
Категорија