Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

27.02.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. 

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.
 
Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото -  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот. 
 

Ознаки
Категорија