Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци, денес ги промовира домашните земјоделски производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што се одржа во паркот Авионче во Ново Лисиче. На настанот присуатваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов.
Министерот Трипуновски ги презентираше мерките и програмите на Министерството за поддршка на примарните производители во насока на зголемување на продуктивноста на домашните земјоделски производи и намалување на извозот. Тој потенцира дека мерките и политиките се и во насока на креирање препознатлив бренд на македонските земјоделски производи.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ојвасни то, додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани , како што рече Трипуновски, се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.
Настанот го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.