Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Трибина за превенција од ППР се одржа и во Скопје

25.10.2024
Трибина за превенција од ППР се одржа и во Скопје

“Задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста со цел  навремено преземање на сите потребни мерки за нејзино спречување на појава и ширење при евентуална потврда  на болеста чума кај малите преживари, почитување на биосигурносните марки на фармите и на протоколите при  земање и транспорт на мострите до лабораториите за дијагностицирање на болеста”. Ова е апелот кој од денешната трибина посветена на превенција на болеста чума кај малите преживари која се одржа во Скопје ја упати проф - др Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје (ФВМ) , во рамки на циклусот трибини кои ги одржуваат АХВ и ФВМ за превенирање на оваа болест.

На трибината учествуваа членовите Локалниот центар за контрола на болести Скопје, претставници и официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарни друштва и  претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза. 

 

1

 

Болеста спаѓа во категоријата  високозаразни од која најчесто заболуваат овците и козите, а како најприемчива категорија на вирусот е младата популација животни.  Станува збор за болест која по симптомите има сличности и со други болести како што се сипаниците кај  овците, синиот јазик и  ликавката и шапот. Затоа, при земање на  мострите за лабораториско тестирање треба да се обрне големо внимание, бидејќи освен за оваа болест тие ќе се искористат и за детектирање и на овие болести, особено на сипаниците кај овците, болест која брзо се шири во соседна Грција, а која е потврдена и во Бугарија – истакна Џаџовски. 

Вања Кондратенко, раководител на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните при АХВ потсети дека пријавувањето на сомнеж  и потврда на болеста чума кај малите преживари е задолжително, бидејќи се работи за  особено опасна заразна болест  од категоријата А за која задолжително се преземаат мерки за нејзино искоренување.

-Локалниот центар за контрола на болестите е  организациона единица на АХВ која се  активира само во случај на  појава на болест од листата А и негова функција е координирање на активностите на терен и спроведување на  задачи добиени од Националниот центар за контрола на болести. Соработката и координацијата  меѓу секторите во АХВ  во вакви услови е задолжителна и во насока на преземање на соодветни мерки за справување со болеста. Секако, неминовна е и соработка со други институции како што се  Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, министерствата за внатрешни работи,  за земјоделство, шумарство и водостопанство, за економија, финансии за животна средина и просторно планирање и други, но пред се со локалните самоуправи кои приоритетно треба да одредат локации за јами за закопување на  депопулираните животни при евентуална појава на болест – рече Кондратенко. 

 

2

 

Тој најави дека наскоро ќе почне спроведувањето на клиничките прегледи на одгледувалиштата во високоризичните и нискоризичните зони за појава на чумата кај малите преживари согласно Планот  за рана детекција на болеста, кој го финализираат АХВ и ФВМ.
 

Ознаки
Категорија