Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Јули 2020
АХВ дел од акцијата на ИНТЕРПОЛ за спречување на измами со храна
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, учествуваше заедно со уште 82 држави и во која акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Акцијата се реализира во временски период од декември 2019 до јуни 2020 година.
За Курбан Бајрам месо да се купува од месарници
Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни.
ОИЕ и ФАО објавија брошура по повод почетокот на глобалната иницијатива за контрола и искоренување на Африканска чума кај свињите
Африканската чума кај свињите (АЧС) е инфективна болест на домашните и дивите свињи. Во последните неколку години драстично се зголеми бројот на земји кои се зафатени со оваа болест.
Како резултат на утврдениот зголемен глобален ризик за сите земји и значајното влијание на болеста врз здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната, националните и глобалните економии, руралниот развој и социјалното и политичкото однесување, на 87-та генерално собрание на Светско собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) беше започната иницијатива за глобална контрола на АЧС.
Позитивно оценета реализацијата на Програмата за здравствена заштита на животните
Новонастанатата ситуација која ја наметна светската пандемија со корона вирусот и која и кај Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од март годинава наложи функционирање по нови правила, во нови услови, не е се одрази негативно на работењето и реализацијата на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните на Агенцијата.
Најавеното зголемување на температурите, опасност по безбедноста на храната
Најавата на метеоролозите за зголемување на температурите, го подигна алармот за заштита на луѓето од можно труење со храна. Високите температури претставуваат голем стрес за животните поради кои тие може да јадат помалку храна, имаат зголемена потреба за вода, а можно е и намалување на производството на млеко и слаб прираст. Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните и сточарите за нужноста од преземање сет мерки за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните и домашните миленици од високите температури.