Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДТГМУ ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, врши отповикување на следниве небезбедни производи:
- КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 500 г, Лот:4243250644
- КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 150 г, Лот: 4243025064
Рок на употреба:16.08.2024
Причина за отповикувањето - присуство на мувла и потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: Колиос Грција
Увозник во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Оператор со хрaна: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со посочените лотови и рок на употреба, иститe да нe ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле.