Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа

31.07.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845. 
Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет. 

Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат.
 

Ознаки
Категорија