За прв пат по три години, повеќе од 400 делегати се присутни во просториите на Централната зграда на ФАО, на 45-тата сесија на Комисијата на Кодекс Алиментариус (CAC45) која се одржува од 21-25 ноември 2022 година. Генералниот директор на ФАО (Организација за храна и земјоделство при Обединетите нации), QU Dongyu на отварањето на сесијата ги поздрави учесниците и подвлече дека напредната технологија овозможи хибридните состаноци во изминатиот период да бидат целосно транспарентни, обезбедувајќи сите земји членки да бидат слушнати.
Науката и податоците играат клучна улога во работата на телото за поставување стандарди на Кодекс, рече тој, повикувајќи се и на неодамнешниот Светски форум за храна и критичната улога на науката, технологијата и иновациите за трансформација на земјоделско-прехранбените системи на глобално ниво. „Итно е потребна унапредување на системите за храна во светот, врз основа на пристапот „Едно здравје“ кој го штити и промовира здравјето на луѓето, животните и планетата“, истакна д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Исто така, тој ја подвлече посветеноста на СЗО да продолжи да соработува со ФАО, со цел развивање и испорачување висококвалитетни научни совети и глобални упатства и стандарди за безбедност на храната засновани на докази.
Меѓу стандардите што треба да ги усвои Комисијата на оваа сесија е и Упатството за терапевтска храна готова за употреба (RUTF) што се користи за деца со тешка акутна неухранетост. Други мерки што треба да се усвојат вклучуваат: Упатства за управување со биолошки епидемии кои се пренесуваат преку храна, Кодекс на практики за превенција и намалување на контаминацијата со кадмиум во какао, итн. CAC45, исто така, ќе се обиде да го реши прашањето за максималните нивоа на резидуи од зилпатерол хидрохлорид, ветеринарно медицински препарат, што се користи за подобрување на перформансите на растот кај говедата.
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринрство земаа активно учество на пленарните сесии на 45тата сесија на Комисијата на Кодекс, со презентирање на позициите на Северна Македонија, во однос на приоритетните точки на дневниот ред, а посебно во однос на предложените максимални лимити за одредени тешки метали, резидуи од пестициди и ветеринарно-медицински препарати.