Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија

07.07.2022
Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија

Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во соработка со Националната Агенција на Шведска за безбедност на храна и Норвешката Агенција за безбедност на храна, кои воедно се и твининг партнери на Северна Македонија во овој проект, од 05 – 06 јули 2022 година во Скопје се одржа работилница, со цел дефинирање на постапката, односно начинот на кој Комисијата на Кодекс Алиментариус ги елаборира Кодекс стандардите (Codex steps, менување на стандарди, Кодекс документи, итн.), особено во приоритетните области на национално ниво, во кои Северна Македонија е целосно или делумно вклучена.

Заради опфаќање на сите аспекти на системот за безбедност на храната, покрај претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, на работилницата присуствуваа и претставници на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и Државната фитосанитарна лабораторија, како институции кои се дел од националната Кодекс структура.

Работилницата ја отвори Светлана Томеска Мицкова, раководител на Секторот за ЕУ и меѓународна соработка, во својство на претставник на Канцеларијата на националната Кодекс контакт точка, притоа истакнувајќи ја важноста на проектот, како и напредокот што Република Северна Македонија го има остварено во изминатиот период, преку активно учество на повеќе настани организирани од страна на Кодекс Алиментариус.

Активностите продолжија со размена на искуства и знаење со Кодекс експертите и практични примери преку кои учесниците на работилницата добија увид во работата на Комисијата на Кодекс Алиментариус.
 

 

 

1

 

 

 

2

 

3

 

 

 

Ознаки
Категорија