![Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”](/sites/default/files/styles/large/public/2022-06/220624-soopstenie-0_0.jpg?itok=50uIB2XN)
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.
На маргините на конференцијата, во рамки на состанокот со земјите од Западен Балкан и Република Туркије, тој оствари средба со Викторија Виламар, раководител на Одделот за соработка и комуникација на Европската агенција за безбедност на храната- EFSA, во чија организација, се одржа конференцијата, заедно со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Европската агенција за лекови (ЕМА) и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC).
![brisel](/sites/default/files/inline-images/220624-soopstenie-2.jpg)
Во рамки на четирите тематски сесии - (ONE Life, ONE Planet, ONE Society and MANY Ways), секоја фокусирана на специфични аспекти на безбедноста на храната, акцент на конференцијата беше ставен на состојбата со безбедноста на храната и добиточната храна, како и на перспективата на одржливите прехранбени системи, фокусирајќи се на потребата од спроведување на пристапот „Едно здравје – една животна средина“ и истражување на можниот развој на науката за проценка на ризик. На завршната пленарна сесија на конференцијата се дефинира стратешката насока за тоа како дополнително да се унапреди безбедноста на храната.
![brisel 3](/sites/default/files/inline-images/220624-soopstenie-3.jpg)
Соработката и партнерството за поодржлива Европа се основите на четиридневната конференција “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, на која беа споделени голем број научни знаења и искуства и на која се отвори и дебата за клучните теми од политичката агенда на ЕУ.
![1](/sites/default/files/inline-images/220624-soopstenie-1_0.jpg)