Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во вторник и среда во Велешко, симулациска вежба за болеста чума кај мали преживари

14.03.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, утре, вторник, 15.03.2022 година и во среда, 16.03.2022 година, во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста Чума кај мали преживари. Теренскиот дел од вежбата ќе се одржи во среда (16.03.2022 година) во с.Сујаклари во Општина Велес, поради што ја известуваме јавноста и локалното население од ова населено место дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест,  туку за активности поврзани со симулациската вежба. 

Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности кои треба да се преземат во случај на појава на болеста чума кај мали преживари, со цел тестирање на системот и подготвеноста на АХВ соодветно да постапи во случај на појава на оваа болест. Вежбата има за цел и унапредување на регионалната соработка и комуникација на институциите и ветеринарните служби при појава на болести кај животните кои се предмет на плановите за итни мерки. 

На симулациската вежба, ќе учествуваат и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и експерти од Република Србија и Европската унија
 

Ознаки
Категорија