Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски се сретна со министерот Николовски

18.01.2022
Бабовски се сретна со министерот Николовски

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. На средбата  присуствуваа и заменик директорот на АХВ Бесник Елези и првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка  во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски. 

На средбата директорот Бабовски го информира министерот за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки и мерките кои треба да се преземат за заштита на животните и справување со болеста во идниот период. Се разговараше и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.

 

1

 

Во периодот 2017-2019, како што истакна министерот Николовски, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животните, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна. Се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, а Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринарство. Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните, заклучи Николовски, останува наш приоритет.

 

1

 

Ознаки
Категорија