Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почна најновиот циклус обуки за пренесување на стекнатото знаење од меѓународни обуки

08.10.2021
Почна најновиот циклус обуки за пренесување на стекнатото знаење од меѓународни обуки

Од 5 до 8 октомври 2021 година во Гевгелија, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија го спроведува новиот циклус обуки за дисеминација на знаењето и вештините стекнати за време на меѓународни обуки. Агенцијата за храна и ветеринарство е институција корисник на специјализирани обуки “Подобра обука за побезбедна храна“ кои ги организира Европската комисија во областа на безбедност на храната и ветеринарната политика, а во временскиот период од март 2020 година до сега, преку виртуелни училници што беше голем предизвик за вработените во АХВ да ги следат самите специфични обуки, за потоа стекнатото знаење соодветно да го пренесат на своите колеги.

Овој настан се искористи за координација на вработените во АХВ и официјалните ветеринари за активности кои се од посебно значење за Агенцијата и приоритет во работењето. 

На почетокот од спроведувањето на интерните обуки во АХВ, обраќање имаше директорот г-дин Николче Бабовски, кој ја истакна важноста на овој тип на унапредување на знаењата и искуствата за вработените во АХВ, пред се овој пат како механизам за подготовка и подобрување на системот на здравствена заштита кај животните и обврските кои се поврзани со аудит мисиите на Европската комисија во нашата земја.

Овој циклус на интерни обуки посебно се насочи кон споделување на знаења и искуства во делот на контрола на живината, во контекст на претстојната евалуација на ЕК за функционалноста на контролата на производи од живина која се извезува во ЕУ. По секој спроведен внатрешен аудит во АХВ, доколку се детектираат слабости и се препорачаат корективни мерки, овие средби секогаш допринесуваат за дискусија и предлози за надминување на истите. 

На обуката земаа учество вкупно 60 вработени од АХВ, од централно ниво и инспекциските служби, додека самта организација на обуките се спроведе со почитување на сите препораки и стандарди предложени од Владата во контекст на спречување на ширење на КОВИД 19.

 

2


 

Ознаки
Категорија