Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Стратегии и опции за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на животни

23.07.2021
Стратегии и опции за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на животни

Антимикробната отпорност (AMO) претставува сè поголема глобална закана. Несоодветната употреба на антимикробни средства во здравствената заштита на луѓето и производството на животни се главниот двигател на АМО. Ограничената употреба на антимикробни средства е на агендата во светски рамки. Производителите воспоставуваат најдобри практики во биосигурноста, здравствената заштита, благосостојбата на животните, генетиката, управувањето со фармите, ракувањето со храната за животни и исхраната на животните, како и благосостојба на животните, до реално највозможен степен и од практична и економска перспектива. Функционалната исхрана на животните заради промовирање на здравјето на животните е една од достапните алатки за да се намали потребата од антимикробни средства во производството на животни.

Во таа насока, Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) објави публикација на тема Стратегии и опции за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на животни, која главно се фокусира на стратегиите за исхрана, со цел намалување на ризикот од ентеро здравствени проблеми за време на критичните периоди на транзиција кога употребата на антибиотици е релативно висока. Обработени се принципите на одбранбен механизам на домаќинот кои можат да бидат под влијание и поддржани од исхраната на животните. Покрај тоа, опишани се главните алатки достапни за формулирање на диета и управување со храната за животни и водата за пиење.

Дополнително, во оваа публикација подетално се дискутира за практична примена на диететски алатки за време на критичните периоди на транзиција во животот на свињите, живината и преживарите, со акцент на категориите на видовите животни за кои употребата на антибиотици е на највисоко ниво (на пр. прасиња, бројлери и телиња).

Целата публикација е достапна на следниот линк: http://www.fao.org/3/cb5524en/cb5524en.pdf

 

fao

 

Ознаки
Категорија