Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бактерија Sallmonela Spp, причина за труењето во кумановската градинка

14.05.2021
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна (јајца, мајонез и пилешки гради) од кујната на детската градинка Ангел Шајче од Куманово, каде пред неколку дена беше пријавен сомнеж за труење со храна. Со испитувањата изолирана е бактерија Sallmonela Spp  во мострата од мајонез. 

Инспекциските служби на АХВ  уште при првичната контрола од 10.05.2021 година  издадоа решение со кое  забранија работа на кујната во оваа градинка и издадоа наредба за спроведување на вонредно механичко и хемиско чистење, комплетна дезинфекција и  спроведување на вонредни здравствени прегледи за вработените лица во кујната.

Забраната за работа на кујната останува на сила до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати. 

Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми  за безбедност.
 

Ознаки
Категорија