Во рамки на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системиКОЈ Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира со поддршка од Европската унија, на 8, 12 и 14 април реализирани беа обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло (НПЖП).
Проектниот експерт Франческо Боничели го презентираше законодавството за НПЖП, пристапот на ЕУ во однос на официјалните контроли на НПЖП и техниките за контрола. Во рамки на тридневните обуки одржани беа и симулациски вежби за официјалните ветерианри за начинот на спроведување на официјални контроли во областа на нус производите, а претставени беа и неколку студии на случај.
Обуките беа наменети за инспектори од Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство и Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните.
На 9 април, како дел од овој проект претставници од АХВ и експерти одржаа онлајн работилница за операторите со храна на тема Законодавството во однос на додатоците на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења.Работилницата ја отвори директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.
Претставници на Секторот за храна од неживотинско потекло направија преглед на законодавството во однос на додатоците на исхраната и здравствените и нутритивни тврдења и предложените измени на законодавтсвото. Презентирано беше Упатството за бизнис операторите со храна “Легислатива за додатоци на исхрана и постапка за нотификација”. Проектните експерти од Австрија гоп објаснија законодавството на ЕУ во однос на додатоците во исхраната и здравствените и нутритивните тврдења, а дадоа и примери за правилна употреба на здравствени тврдења.