Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

На Дрисла уништени приближно 4.5 тони небезбеден путер

15.03.2021
На Дрисла уништени приближно 4.5 тони небезбеден путер

Денес на депонијата Дрисла уништени беа 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата Евро Млекара ДООЕЛ Скопје. Како што истакна во изјава за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар на АХВ, како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата, за која со контролите е утврдено дека манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, со рокот на употреба, која  путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање на храна од животинско потекло.

Во приложената документација, со двонеделните контроли утврдено е дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури каде се наведувало дека производот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани туку се складирани во магацинот на млекарницата. Операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје не е одобрен за солење на путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер, мора да се продава како свеж и не смее да се замрзнува по складови и ладилници на – 18 степени Целзиусови

изјави Бабовски.

Контролите во комората за готов производ на млекарницата, објасни тој, започнале на почетокот на менесецов откако претходно била вратена од промет една канта солен путер од 5 килограми. Со контролата пронајдени биле уште 17 канти од по 5 килограми солен путер, сите без декларација.

Донесено е решение со кое путерот е прогласен за небезбедна храна и на операторот му е наложено истите да ги уништи на јавна депонија,што е направено од нивна страна веднаш. Од спроведената контрола на следливоста на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите констатирано е дека има различни датуми на призводство и различни датуми на рок на траење за ист лот,

потенцира Бабовски и додаде дека со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25 а не од по 5 килограми.

Бабовски истакна дека поради ова од страна на официланиот ветеринар издадено е решение за ИТНО отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата на путерот и истиот да се врати во млекарницата. За сторениот прекршок на операторот му се се изрече глоба од 1.500 евра во денарска противвредност согласно член 32 став (2) од Законот за безбедност на храна, односно поради немање на соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоците.

На ден 11.03.2021 утврдено е дека доставената документација за увоз на путерот се разликува од првично доставената, односно дека путерот е увезен од Република Турција а не од Германија. Несовпаѓања утврдени се и во датумот на производоство и рокот на употреба на производот. Со манипулацијата со излезните фактури утврдено дека една од седумте излезни фактури е фиктивна, односно, количината наведена во него воопшто не е пласирана кај оператор со храна во Струга

објасни тој.

168 блока путер од по 25 килограми, според директорот за производство биле однесени во објект Тетово, а уште 5 блока со путер биле сместени во објект во Гостивар. При деталната контрола на фактурите, констатоирано е совпаѓање на килажата со вклупно увезената количнина од 20 000 килограми. 

На 13.03.2021 година овие колични путер вратени се во млекарницата на Евро Млекара ДООЕЛ Скопје при што при истоварот утврдено е дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни, а со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година, а на една од кутиите залепен бил лист на кој пишува ,,ПУТЕР СУЛТАШ 23.10.20,,. Целокупната вратена количнина путер била во замрзната форма (замрзнат путер) а бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени како небезбедни

заклучи Бабовски. 

Контролите од страна на АХВ најави директорот на АХВ, продолжуваат и во текот на наредниот период на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници, што се продаваат на македонскиот пазар. АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските одредби за продажба на производи.

 

1

 

2


 

3

 

4

 

5

 

6

 

 

6

 

 

5

 

 

 

Ознаки
Категорија