Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Директорот Бабовски одржа состанок со амбасадорот на Словачка Маркуш

12.03.2021
Директорот Бабовски одржа состанок со амбасадорот на Словачка Маркуш

Продолжување и унапредување на десетгодишната соработката на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, развој на трговијата со стоки и услуги и размена на експертски мислења и искуства, договорија на денешната прва работна средба, Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство и Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачката Република во Република Северна Македонија.

На состанокот се дискутираше за тековната и потенцијалната соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Државната администрација за ветеринарство и безбедност на храната на Словачка Република, на полето на ветеринарството, особено состојбата со болестите кај животните во двете држави.

Директорот Бабовски истакна дека е уверен дека воспоставена соработка меѓу Словачка и Македонија и институциите одговорни за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните во наредниот период ќе се интензивира. Најмногу преку размена на искуства, одржување на обуки и унапредување на трговијата. 

За ова, амбасадорот Маркуш изрази подготвеност лично да се заложи и да посредува, за побрза и поинтензивна комуникација и соработка меѓу двете земји и институции, која поради пандемијата со корона вирусот, во целиот свет е отежната. 
 

Ознаки
Категорија