Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Правилниците за директно снабдување презентирани и пред жителите на Крушево И Демир Хисар

11.09.2020
Правилниците за директно снабдување презентирани и пред жителите на Крушево И Демир Хисар

Со учество на повеќе од шеесетина фармери од Крушево и Демир Хисар, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола ги продолжија теренските активности за промоција на новите подзаконски акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите. Средбите со производителите ги отворија градоначалниците на Крушево г-дин Томе Христоски и на Демир Хисар, г-дин Марјанче Стојановски.

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство кои во соработка со науката и невладиниот сектор, активно беа вклучени во подготовката на овие два подзаконски акти, на земјоделците и сточарите детално им ги објаснија основите за таканаречената директна или продажба на земјоделски производи од куќен праг, како можност за развој и унапредување на  работењето на земјоделците, чии производи имаат реална основа без посредство на трговците на пазарот да се пласираат со зголемена, односно додадена вредност. Образложени беа хигиенските стандарди кои мора да бидат запазени во производството со цел до крајните потрошувачи да се пласираат безбедни производи.

 

Правилниците за директно снабдување презентирани и пред жителите на Крушево И Демир Хисар

 

Со правилниците како што беше истакнато на средбите со производителите од Крушево и Демир Хисар, се воспоставува следливост и се гарантира безбедноста на производите од растително и од животинско потекло, водејќи сметка за заштита на здравјето на граѓаните. 

За подетални информации за регистрирање на оваа категорија земјоделци, заинтересираните може да се обратат во подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство, а за стандардите кои треба ги исполнат производителите за да го унапредат производството, совет може да побараат во работните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. 

Презентацијата на новите правилници за директно снабдување на терен продолжуваат и идната недела, почнувајќи од Скопје, со настан кој ќе се одржи на Факултетот за земјоделски науки и храна.
 

Ознаки
Категорија