![Одржана работилница за Закон за вршење на официјални контроли](/sites/default/files/styles/large/public/2020-08/kontroli-mavrovo-3.jpg?itok=DJi7YkV2)
На 10 и 11 август се одржа дводневна работилница каде беше презентиран и разгледуван нацрт Законот за вршење на официјални контроли.
Работилницата ја предводеше директорот на АХВ, Зоран Атанасов, на која присуствуваа претставници на Агенцијата на храна и ветеринарство и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со овој закон се уредуваат постапките и барањата за спроведување на официјални контроли и други официјални дејствија од страна на надлежните органи, начинот на финансирање на официјални контроли, административната помош и соработката меѓу надлежните органи на Република Северна Македонија, соработката со надлежните органи, постапките за контрола на гранични контролни места за пратки од животните и стоките кои се внесени во Република Северна Македонија и воспоставување на компјутерски информациски систем за управување со информации и податоци во врска со официјалните контроли.
![Одржана работилница за Закон за вршење на официјални контроли](/sites/default/files/inline-images/kontroli-mavrovo-1.jpg)
Нацрт законот се усогласува со новиот пакет законодавство на Европската унија, како дел од процесот на хармонизација на законодавството на Република Северна Македонија со правото на ЕУ и претставува приближување на решенијата на националното законодавство со соодветната ЕУ регулатива (2017/625).
Нацрт законот беше изготвен како една од активностите во рамките на проектот “Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи”.
![Одржана работилница за Закон за вршење на официјални контроли](/sites/default/files/inline-images/kontroli-mavrovo-2.jpg)