Новонастанатата ситуација која ја наметна светската пандемија со корона вирусот и која и кај Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од март годинава наложи функционирање по нови правила, во нови услови, не е се одрази негативно на работењето и реализацијата на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните на Агенцијата. Како што заклучија на денешниот состанок, претставници од Секторот за здравствената заштита и благосостојбата на животните при АХВ и од Ветеринарниот и Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина и планираните активности од годинашната Програма за здравствена заштита на животните во целост се реализирани.
Очекувањата се дека до крајот на годинава, согласно утврдената динамика, ќе се заокружи реализацијата на сите програмски активности. Претставниците на двете институции на состанокот дадоа насоките за утврдување на приорите во Програмата за здравствена заштита на животните која ќе се креира за наредната година.
Двете институции се договорија да се формираат работни групи кои ќе работат на новите програми за сузбивање и искоренување на болеста бруцелоза кај овците, козите и кај говедата, како и Програмата за сузбивање и искоренување на турберкулозата кај говедата. Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство на состанокот најавија реализација на нови програми од областа на здравствената заштита на животните кои треба да бидат разгледани од страна на Факултетот за ветеринарна медицина со кој Агенцијата за храна и ветеринарство има потпишано договор за вршење на лабораториски испитувања на земените мостри во рамки на реализирањето и на Програмата за здравствена заштита на животните. Предложените програми, опфаќаат спроведување на сет заштитни и превентивни мерки од областа на здравствената заштита на животните, кои се во насока на обезбедување на повисоки стандарди за здравјето на животните и заштита на јавното здравје.