Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Препораки на СЗО за заштита од Корона вирусот

26.02.2020
Препораки на СЗО за заштита од Корона вирусот

Како одговорна институција за безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, а со тоа и за заштита на здравјето на граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја. Бидејќи станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, АХВ во координација со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, ги информира и упати апел до ветеринарните друштва за максимално почитување и информирање и на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на Корона вирусот и преку животните и храната од животинско потекло. 

СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката,  да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна ( сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере.

Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да  избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи. 

Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето на контакт со лица кои имаат симптиоми на настинка или  вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на Kорона вирусот.
 

Ознаки
Категорија