Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ќе се тестира системот за борба против африканска свинска чума

26.11.2019
Ќе се тестира системот за борба против африканска свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест. Целта на вежбата е проверка на функционалноста на Планот за итни мерки за справување со африканската свинска чума, болест која не е присутна во земјава, со цел обезбедување на висок степен на заштита при евентуална нејзина појава и спречување на нејзино ширење.

Учесници на вежбата ќе бидат официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, стручни лица од ФАО, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договори за спроведување на активности за здравствена заштита на животните од јавен интерес.

Практичниот дел од симулациската вежба ќе се реализира на индивидуална фарма во село Русиново, на комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште, а теоретскиот дел во Берово, каде ќе се тестира  координираноста на институциите и протокот на информации во врска со болеста.

Категорија