Претставници од Секторот за проценка и комуникација на ризик од Агенцијата за храна и ветеринарство земаа учествуваа на III- та Хрватска конференција за проценка на ризик од храна во рамки на која беше одбележан Светскиот ден на храната 2019.
Конференцијата беше организирана од Хрватската агенција за земјоделие и храна (HAPIH) во соорганизација на факултетот за агробиотехнички науки Осијек под покровителство на претседателот на Република Хрватска Колинда Грабар Китановиќ, а во соработка со Министерството за земјоделство и Министерството за здравство.
На конференцијата беа присутни 32 предавачи, претставници од сите сектори поврзани со проценката на ризик на хрватската агенција, еминентни научници и експерти од Република Хрватска и од земјите членки на Европската унија. Учество земаа и претставници од 12 земји меѓу кои претставници од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Турција и други.
Разгледани беа поголем број на проблеми поврзани со исхраната и безбедноста на храната. Беше потенциран проблемот поврзан со лошата исхрана предизвикан од нездрава храна и лоши прехранбени навики, кои ја предизвикуваат болеста на прекумерна тежина. Во рамки на конференцијата беше одржана тркалезна маса од Панелот за исхрана, составен од експерти од разни области како што се психијатар, ендокринолог, општ лекар (заменик министер за здравство), нутриционист и претставник од Хрватската агенција за земјоделство и храна. Смртноста од болеста на прекумерна тежина, беше истакнато на тркалезната маса, денес е повисока од малигните заболувања.
Претставен беше новиот систем во контролата на безбедноста на храната како и проценката на ризикот во ново создадената Хрватската агенција за земјоделство и храна.
Подобрувањето на квалитетот на храната и изучувањето на навиките на исхрана на населението е голем предизвик во обработката на податоците и проценката на ризик. Денешното темпо на живот ги наметнува предизвиците за безбедност на храната што укажува на ризиците и штетните навики во секојдневниот живот.