Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во јули спроведени 5.904 инспекциски контроли

23.08.2019
Во јули спроведени 5.904 инспекциски контроли

Над 16 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена минатиот месец како небезбедна, во рамки на 5.904 контроли, кои во јули годинава ги спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство. Најголемиот дел од небезбедната храна, односно 16.039 килограми, била уништена од самите оператори со храна. 

За констатираните недоследности со контролите, инспекциските служби на Агенцијата, во овој временски период изрекле вкупно 642 инспекциски мерки, од кои 418 решенија за отстранување на недоследности и 199 едукации на операторите со храна. Поднесени се и две прекршочни пријави.  

За извоз на храна од неживотинско потекло, инспекторите за храна во јули годинава издале 392 сертификати за безбедност на производите. 411 сертификати издале официјалните ветеринари на операторите со храна за пласман на странските пазари на храна од животинско потекло. 

Како небезбедни за увоз во земјава, забранет е влез на една пратка со храна од неживотинско потекло со тежина од 300 килограми и една пратка со 150 килограми храна од животинско потекло. Минатиот месец нема поништени пратки небезбедни пратки со храна од увоз, ниту животинско, ниту од неживотинско потекло. 

Ознаки
Категорија