Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Спроведено анкетно истражување - Однесување на потрошувачите во РСМ - Практики во однос на безбедноста на храната во домот

27.06.2019
Истражување безбедност храна дом

Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.
Бројот на болестите поврзани со храната постепено се зголемува, но бројот на пријавени случаи е потценет поради недостиг на извештаи за појава на болестите во домаќинствата. Во моментов, најголем дел од купената храна се смета за безбедна, но, постои потреба за едукација, како потрошувачите правилно да ги сочуваат прехранбените продукти во своите домови. Имајќи предвид дека потрошувачите се последната алка во синџирот на подготовка на храната и спречување на болестите поврзани со храната, а со цел да се применат добри хигиенски практики во домот, потребно е да се намали ризикот од неправилно ракување со храната и едукација за нејзино правилното чување.

 

Истражување безбедност храна дом

 

За да се процени знаењето на потрошувачите за практиките, манипулацијата и хигиенското однесување за време на подготовката на храната и улогата на домашната средина во врска со овие инфекции во Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство го реализираше ова истражување.
Истраживањето покажа какво е знаењето на нашите граѓани по прашањата врзани со безбедноста на храната во домот.
Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, со комбиниран метод интервју „лице во лице“ со испитаникот, во домот на испитаникот и „он лајн интервју“ со прашалник за практиките во однос на безбедноста на храната во домот.

 

Истражување безбедност храна дом 2

 

Резултатите покажаа дека постои потреба за подобрување на основните знаења на граѓаните по овие прашања.
Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите од анкетното истрашување ќе ги користи за планирање на понатамошни активности и подготвување на едукативни содржини, со користење на различни алатки во претставувањето и анимирањето.

 

  • Сите истражување можете да ги превземете на следнава [врска].

 


 

 

Ознаки
Категорија