Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.
Бројот на болестите поврзани со храната постепено се зголемува, но бројот на пријавени случаи е потценет поради недостиг на извештаи за појава на болестите во домаќинствата. Во моментов, најголем дел од купената храна се смета за безбедна, но, постои потреба за едукација, како потрошувачите правилно да ги сочуваат прехранбените продукти во своите домови. Имајќи предвид дека потрошувачите се последната алка во синџирот на подготовка на храната и спречување на болестите поврзани со храната, а со цел да се применат добри хигиенски практики во домот, потребно е да се намали ризикот од неправилно ракување со храната и едукација за нејзино правилното чување.
За да се процени знаењето на потрошувачите за практиките, манипулацијата и хигиенското однесување за време на подготовката на храната и улогата на домашната средина во врска со овие инфекции во Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство го реализираше ова истражување.
Истраживањето покажа какво е знаењето на нашите граѓани по прашањата врзани со безбедноста на храната во домот.
Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, со комбиниран метод интервју „лице во лице“ со испитаникот, во домот на испитаникот и „он лајн интервју“ со прашалник за практиките во однос на безбедноста на храната во домот.
Резултатите покажаа дека постои потреба за подобрување на основните знаења на граѓаните по овие прашања.
Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите од анкетното истрашување ќе ги користи за планирање на понатамошни активности и подготвување на едукативни содржини, со користење на различни алатки во претставувањето и анимирањето.
- Сите истражување можете да ги превземете на следнава [врска].