Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

29.05.2019
Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни, ќе ја одржи Брајан Фаулкнер, експерт од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На едукативната работилница покрај вработените од ова јавно претпријатие, учество ќе земат и претставници од прифатилиштата за бездомни животни од Кичево, Демир Хисар, Штип и прифатилиштето за бездомни животни од Тетово кое е во фаза на одобрување.

Во рамки на тридневната едукативна работилница од страна на експертот од Велика Британија ќе бидат одржани теоретски и практични предавања на кои ќе бидат објаснети основите за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња базиран на благосостојбата на животните, техниките на заловување на бездомните кучиња, спроведувањето на тестот за социјализација и преземање на мерки за здравствена заштита и ресоцијализацијата на кучињата во прифатилиштата.

Воспоставувањето на соодветен систем за контрола на популацијата на бездомни кучиња преку изградба на прифатилишта е обврска на општините и тие кои за оваа намена треба да донесат соодветен план и програма и да обезбедат стручен кадар за управување и работа на прифатилиштата.

Категорија