Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во првите три месеци од годинава АХВ направи 16.578 инспекциски контроли

23.04.2019
Во првите три месеци од годинава АХВ направи 16.578 инспекциски контроли

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 16.578 инспекциски контроли, од кои 11.761 редовни, 1.464 контролни и 3.353 вонредни контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.769 мерки. Донесени се 1.216 решенија, спроведени се 499 едукации на операторите со храна, изречени се 5 мандатни казни и поднесени се 13 прекршочни пријави. 

Како небезбеднa храна инспекциските служби на Агенцијата, но и самите оператори, во првиот квартал од 2019 година нештетно уништиле вкупно 68.806 килограми храна, од кои најголемиот дел, односно 58.991 килограми, храна од животинско потекло.

Официјалните ветеринари на граничните премини, во првите три месеци од годинава извршиле контрола на 3.980 пратки од увоз со 45.145.312 килограми храна од животинско потекло. Вратени и уништени небезбедни пратки од увоз во овој временски период нема.

Инспекторите за храна на граничните премини извршиле контрола на 10.847 пратки со 117.175.259 килограми храна од неживотинско потекло. Во првиот квартал од 2019 година нема вратени или уништени небезбедни пратки од увоз.

Во истиот временски период извршени се и 2.709 контроли на пратки со 23.245.151 килограми предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Забранет увоз или уништени пратки од оваа категорија производи од увоз во првиот квартал на годинава нема.

Категорија