Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

28.03.2019
Вртеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денес одржа работен состанок со претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, Томислав Николовски на кој беше разгледана динамиката на активностите кои ги спроведуваат ветеринарните друштва на терен за реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Споро течат активностите за вадење на крв од овците за дијагностичко испитување на бруцелозата, оцени на состанокот директорот Атанасов и побара од првиот човек на Комората во наредниов период ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен со цел сточарите да можат да го запазат законскиот рок за аплицирање за добивање на субвенции.

На состанокот разгледана беше можноста за електронска идентификација на овците, за што, заедничка беше констатацијата дека примарно во моментов е да се утврди реалната бројна состојба на овците во одгледувалиштата, за што веќе се спроведуваат активности од страна на официјалните ветеринари и ветеринарните друштва со кои Агенција има потпишано договори. Зависно од тоа колкав реално ќе биде бројот на овците на терен, дополнително, со влезот на Република Северна Македонија во Европската унија, ќе се одлучи и дали ќе се премине на системот на електронско обележување на овците.

За претстојното идентификување на копитарите со микрочипови, на состанокот беше заклучено дека е потребно во текот на идната недела да се изврши обука на ветеринарните од ветеринарните друштва кои ќе ја реализираат оваа активност, за начинот на внесување на податоците во модулот за копитари во Информацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Категорија