Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се усогласуваат санитарните и фитосанитарните сертификати за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА

25.03.2019
Се усогласуваат санитарните и фитосанитарните сертификати за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА

Во својство на годинешен претседавач со Поткомитетот за земјоделство во рамки на ЦЕФТА, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, го отвори Третиот состанок на ад хок екпертстката група за електронска размена на податоци во областа на земјоделството, санитарните и фитосанитарните мерки. Со претставници од ЦЕФТА Секретаријатот и делегатите на состанокот се разгледа работниот план за имплементација на електронската алатка за управување и следење на трговијата со животни, производи од животинско потекло, храна од животинско и неживотинско потекло , семиња, репродуктивен материјал, производи од органско потекло и дрва. 

-Целта на еднодневниот состанок е усогласување на санитарните и фитосанитарните сертификати со кои ќе се олесни трговијата меѓу земјите од ЦЕФТА. Во моментот, состојбата со трговијата е лоша. Има долго задржување на стоките на границите, постојат непотребни преклопувања со барање на документи, непотребни контроли од инспекциските служби и многу заплеткани процедури при увозот и извозот на добра од ЦЕФТА земјите. Со воспоставувањето на електронската размена на податоци сето ова би требало да се минимизира и трговијата да се олесни, рече директорот Атанасов во обраќањето на отворањето на состанокот на експертската група за електронска размена на податоци од областа на санитарните и фитосанитарните мерки.

Усогласувањето на санитарните и фитосанитарните сертификати ќе се овозможи фер и ефикасна соработка и олеснување на самите процедури при увоз и извоз, а ќе се скрати и времето на задржување на границите.

– Со овој процес треба да се намалат трошоците на компаниите при увоз или извоз, а во исто време да се обезбеди увоз на безбедна храна за луѓето и животните – додаде тој.

За тоа кога ќе профункционира системот за електронска размена на податоци директорот Атанасов информира дека ЦЕФТА во меѓувреме распишува тендер за информатичка куќа која треба сите тие работи околу воспоставувањето и профункционирањето на електронската база за размена на податоци да ја стави во процедура, односно целосно да ја имплементира.

-Податоците за трговијата бидат електронски разменувани и на ваков начин ќе се олесни процесот на нивно собирање и обработка. Врз основа на нив ќе се направи и соодветна проценка на ризик како основа за планирање на инспекциските контроли на граничните премини кои сега ќе бидат точно таргетирани – потенцира тој.

Претседавањето на Република Северна Македонија со Поткомитетот за земјоделство и за санитарни и фитосанитарни мерки за нашата земја, заклучи директорот Атанасов, за нашата држава значи поголема одговорност. Нашите очекувања, рече тој, се дека во период на нашето претседавање со Поткомитетот до крајот на годинава ќе се усогласат санитарните и фитосанитарните сертификти и ќе се воспостави електронскиот систем за размена на податоци меѓу ЦЕФТА земјите.

Категорија