Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за задравствена заштита на животните – ОИЕ. Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и бездомните животни. Поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал, преку кој на дечињата на сликовит начин им се објааснув што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици.
Кампањата “Биди неговиот херој”, во наредните денови ќе продолжи да се реализира и во другите општини во земјава.