Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Во својство на претседател, денес, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ), директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, ја одржа првата седница  со членовите на Координативно тело за подобрување на институционалната координација и преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, кое беше формирано со одлука на Владата на Република Северна Македонија. 
Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче прв пат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.
По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров, по одржаниот работен состанок на кој учествуваа и првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Стопанската комора на Северна Македонија. 
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица. Бабовски, кој денеска веднаш замина на терен и имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно се јавува само кај домашните и дивите свињи, а не и кај луѓето.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) во соработка со надлежните органи на земјите во фокус (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Косово, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија) започна со спроведување на третата фаза од кампањата за подигнување на јавната свест за болеста Африканска чума кај свињите (АЧС).
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. 
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, со претставници од надлежните сектори во Агенцијата, во Стопанската комора на Северна Македонија, одржа подготвителен состанок со членки  на Групацијата за живинарство при Комората кои се одобрени за извоз на консуми јајца во Европската унија.
Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спроведоа вонреден инспекциски надзор во ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.
Светската асоцијација за јод (WIA) ве поканува на својата втора меѓународна конференција за јод во прехранбените системи и здравството, планирана во Ротердам на 3-4 ноември.