Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Усогласување со новата стратегија за здравствена заштита на ЕУ под мотото „Подобро да се спречи отколку да се лечи“ и хармонизирање со новото европско законодавство  за официјалните контроли на целокупниот ланец на храната, се двата клучни приоритета
Обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките и нивна доследна примена во пракса во интерес на заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи и за Агенцијата за храна и ветеринарство и за градинките во земјава и во Градот Скопје е и треба да остане еден од врвните приоритети.
Во првата половина на ноември 2022 година се одржа работилница за материјали кои доаѓаат во контакт со храна со цел зајакнување на институционалните капацитети за материјали и предмети кои доаѓаат во контакт со храна...
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат следните небезбедни производи: ХЕПАФАР ФОРТЕ и ХОЛЕСТОП
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека го отповикува следниот небезбеден производ: Sens Hepatar Fibers x15 sach
Врз основа на лабораториски наод од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на високо патогена авијарна инфлуенца (птичји грип) во некомерцијално одгледувалиште во населеното место Градец, општина Виница, каде како миленици се одгледувале фазани, пауни, лебеди и потполошки.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат следните небезбедни производи: TUMMYCCINO, BOOTY TONE, FAT BURNER DRINK X 15, NIGHT BURNER DRINK X15, DRAINING DRINK INTENSE X 10, BEAUTY DRINK X 15, BEDTIME COLLAGEN SLIM X 10, SHAPE & DETOX X 10
Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, со сериски број/лот- LOT FD04, датум на производство 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи...
Во периодот од 2 до 4 ноември 2022 година се спроведе експертска мисија во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 и...