"Свиња" е животно од видот свињи, од која било возраст, чувани за одгледување или товење. При држење на свињи, сопствениците и или одгледувачите покрај општите одредби пропишани во членовите 5, 6 и 7 од Законот за заштита и благосостојба на животните и општите услови пропишани во членот 2 од Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни треба да ги исполнуваат и посебните одредби пропишани во членот 10 од Законот за заштита и благосостојба на животните и членовите 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни.
Во посебните одредби се пропишани услови кои треба да се исполнуваат при одгледување на прасиња, на одбиени прасиња и прасиња за одгледување (тов), назимки и маторици и нерези.
Свињите треба да се држат групно (освен маторици и назимки во дозволен временски период и нерезите). Со цел намалување на агресивноста во групите на свињите треба да им се обезбеди манипулативен материјал. Густината на населеност и расположивата слободна површина се пропишани во правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни.
Прасињата не смеат да се одбијат од мајката на возраст помала од 28 дена.
Доколку се забележат знаци на јаки борби веднаш треба да се превземат соодветни мерки и да се отстрани причината. Мешањето на прасињата треба да е минимализирано. Агресивните свињи треба да се држат одвоено од групата.
Кастрацијата, кратење на очњаци, кратење опаш треба да е во согласност со законските одредби.
Бучавата не треба да надминува ведности поголеми од 85 децибели и интензитетот на осветлување не треба да е помало од 40 лукса.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни може да го превземете тука